Breaking News

Отворен повик за проекти и иницијативи за трговско – поштенски награди на СПС


Агенцијата за пошти ги информира сите чинители во поштенскиот сектор дека Светскиот поштенски сојуз  (UPU) го објави повикот за поднесување на проекти и иницијативи во рамки на 1-то издание на „Трговско – поштенските награди“.


Од АП денеска објавија дека трговско – поштенските награди на Светскиот поштенски сојуз ќе обезбедат меѓународно признание од висок профил на успехот на организациите кои даваат поддршка на трговска вклученост на микро, мали и средни претпријатија, женски и маргинализирани заедници во поштенската мрежа, како и успехот на Одржливи развојни цели на Обединетите нации.


-Овој настан обезбедува платформа за пренесувања на знаења, споделување и анализа на практики кои се стремат кон вклучување на микро, мали и средни претпријатија, жени, лица со инвалидитет во, домашната и глобална трговија,  и цели кон поттикнување на взаемно споделување на идеи и иницијативи кои се успешно имплементирани во земјите членки на Светскиот поштенски сојуз и кои случаи заедниците секаде во светот можат да ги повторат, посочува регулаторното тело.

Три групи за кои може да се поднесуваат проекти или иницијативи и тоа:- Владина иницијатива за трговска вклученост преку Пошта: Која било владина иницијатива за промоција на трговија, трговска вклученост на микро, мали и средни претпријатија и маргинализирани заедници во поштенската мрежа.


– Иницијатива на поштенски оператори за трговска вклученост: Било која поштенска или финансиска услуга за промоција на трговија, трговска вклученост на микро, мали и средни претпријатија и маргинализирани заедници во поштенската мрежа или било какво подобрување на постоечки производ или услуга, дали поштенски или не-поштенски.

– Иницијатива на приватниот сектор за трговска вклученост: Било какво иновативно партнерство во приватниот сектор за поштенски или финансиски решенија  за промоција на трговијата, трговска вклученост на микро, мали и средни претпријатија и маргинализирани заедници.


Давателите на поштенски услуги и сите чинители во поштенскиот сектор можат да аплицираат со свои проекти и иницијативи на веб страницата: https://www. upu.

int/en/Universal-Postal-Union/Activities/Digital-Services/Application-for-the-TradePost-award-2023Крајниот рок за поднесување на проектите и иницијативите е 9 октомври годинава.


лв/Победниците ќе бидат официјално прогласени за време на церемонијата за доделување на награди на Трговско – поштенскиот форум во декември 2023 година и ќе се промовираат преку целата година што претставува одлична можност за афирмација на поштенскиот сектор.

лв/нд/ .

Извор: МИА