Breaking News

Отворен повик за новинарски награди за креативност и новинарска етика


Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) во партнерство со Програмата за развој на Обединети Нации (УНДП) објавува годишен конкурс за новинарски награди со цел да се поттикне и награди квалитетното и етичкото известување, посветено на точни и професионални медиумски објави, информираат од ЗНМ.


Целта на овој повик, додаваат од Здружението, е да се привлечат пријави кои пред се ќе бидат фокусирани на медиумски објави преку кои се анализираат дезинформации во општеството и неточни наративи, без оглед  на нивниот извор.


Наградите се посветени на борбата против дезинформациите и промовирање на родово чувствително известување, поттикнувајќи го јакнењето на новинарскиот интегритет.

Комисијата за избор посебно ќе внимава на квалитетот и оригиналноста на новинарското истражување и анализа, на точноста, релевантноста и влијанието / одекот на темата во јавноста.


Повикот ќе биде отворен од денеска до 12 април 2024 година. Паричниот фонд во бруто износ ќе биде за прва награда 125,000 денари, за втора награда 75,000 денари и  за третата награда 50,000 денари.

-Критериуми за пријава за новинарските награди – секој апликант може да достави најмногу две пријави во кои тој или таа се  јавуваат како автори или ко-автори, апликантите во пријавата накусо да појаснат зошто сметаат дека пријавата ги исполнува бараните услови и цели на повикот.


Медиумските објави потребно е да бидат објавени на традиционални или онлајн медиуми кои се регистрирани во Македонија, со исклучок на објави на платформата www. jasno.

mk која е во рамки на оваа инцијатива на ЗНМ и УНДП. Медиумските содржини потребно е да бидат објавени во периодот од 1 јануари до 31 декември 2023 година, се вели во соопштението од ЗНМ.


Заинтересираните треба да ја достават својата пријава  преку електронска пошта на следниве адреси: contact@znm. org.

mk  со назнака „ЗА ЗНМ / УНДП НАГРАДА“ или по пошта до: Здружение на новинарите на Македонија, Градски Ѕид Блок 13, 1000 Скопје. Крајниот рок за доставување на апликации е 12. 04. 2024 (недела) до 23.

55 часот. Само пријавите кои ги исполнуваат наведените критериуми ќе бидат земени предвид.

За дополнителни информации, заинтересираните новинари можат да се обратат на 02 / 3 298 139 секој работен ден од 08. 00 до 16. 00 часот.

Оваа активност е дел од иницијативата „Зајакнување на капацитетите на локалните заедници за справување со дезинформации и родово базирани дезинформации“, кој се имплементира со финансиска поддршка на Данска, Луксембург, Република Кореја и Шведска, во рамки на програмата UNDP Funding Windows.

сст/лв/фото ЗНМ .

Извор: МИА