Breaking News

Отворен конкурс за Големата годишна награда на ААМ и наградата „Андреја Дамјанов“ за 2023


Асоцијацијата на aрхитекти на Македонија (ААМ) соопшти дека е отворен конкурсот за доделување на Големата годишна награда за 2023 година и за традиционалната награда „Андреја Дамјанов“ за 2023 година.


 Двете архитектонски награди, како што наведуваат од ААМ, преставуваат афирмација на залагањето кон архитектурата во нашата земја.


Големата годишна награда на ААМ се однесува на најуспешно реализирано архитектонско дело, каде учесниците – архитекти со завршен VII степен на образование, со пријавување на своите авторски дела за тековната година може да го остварат своето право на учество.

Традиционално, наградата свечено и со сите почести му се доделува на лауреатот на крајот на годината, а е под покровителство на Претседателот на Република Северна Македонија.


Престижната награда „Андреја Дамјанов“ претставува признание за животно дело, особени достигнувања и личен придонес во развојот на архитектурата и градежништвото.

Право за поднесување на предлог за можни добитници имаат членовите на ААМ, каде оценувањето на кандидатите за добитници на наградата ја врши петочлена комисија, во чии редови е и добитник на наградата „Андреја Дамјанов“.


Наградата се состои од плакетата и статуетка со ликот на Андреја Дамјанов, а добитникот станува и член на Архитектонската Академија на ААМ.

Предлогот за Големата годишна награда на ААМ треба да содржи: име на објектот, име на авторот (авторите), овластување на проектантот (проектантите), функционално технички опис, извод од план, ситуација, сите основи, пресеци, изгледи, 3Д и фотографии од објектот.


 Учесниците кои не се членови на ААМ, а се наведени како автори на проектот кој ќе биде пријавен за Големата годишна награда на ААМ, за учество во изборот треба да платат котизација во износ од 3.

500 денари, по пријавен труд. Доказот за уплата треба да се достави при пријавување за учество, заедно со погоре наведените документи и информации.

Двете награди се доделуваат на државјани на Република Северна Македонија, со рок за предавање на апликација за Големата годишна награда и рок за поднесување на предлози за наградата „Андреја Дамјанов“ до 4 декември 2023 година.

Сите заинтересирани за Големата годишна награда за 2023 година и наградата „Андреја Дамјанов“ за 2023 година, повеќе информации можат да добијат на телефонскиот број: 078/283-831, или на е-меил адреса: kontakt.

aam@gmail. com мд/са/Фото: МИА архива  .

Извор: МИА