Breaking News

Отворен е повикот за престижната награда ДЕНЕС


Повикот за наградата ДЕНЕС за млад(а) визуел(е)н/а уметни(к)/чка во Северна Македонија до 35 години која подразбира двомесечна програма за престој на уметници во Њујорк во Residency Unlimited и дополнителни новини и резиденции е отворен од денес, 16 април и ќе трае до 31 мај 2024 година.


Наградата ДЕНЕС овозможува и уникатно искуство на уметниците да бидат дел од специјално наменет едукативен процес во визуелната уметност насловен „Совршениот уметник“, да имаат средби и презентации со интернационална жири комисија и да продуцираат ново дело, во рамки на изложба како финалисти на наградата.


Оваа значајна и независна награда, која се доделува по осумнаесетти пат во земјава, во 2023 година го одбележа и своето 20 годишно постоење.

Отворениот повик наградата ДЕНЕС 2024 го објавуваат Oрганизацијата Факултет за работи што не се учат – ФРУ, Скопје во соработка со Мрежата „Награди за млади визуелни уметници“ (YVAA) Residency Unlimited, Њујорк, Trust for Mutual Understanding, Њујорк.


Сите информации ги имате во придружните документи на македонски и албански јазик.

Oрганизацијата Факултет за работи што не се учат – ФРУ