Breaking News

Отстранети 50 кубни метри непрописно одложен отпад околу Скопскиот aквадукт


 Околу 50 кубни метри непрописно одложен градежен, кабаст и мешан комунален отпад се подигнати и транспортирани минатата недела околу Скопскиот аквадукт.


 Како што информира Јавното претпријатие „Комунална хигиена“, нивните екипи во координација со Град Скопје реализираа активности за целосно расчистување на реонот на археолошкото наоѓалиште – Скопски aквадукт.


При отстранувањето на дивите депонии околу Скопскиот aквадукт на терен биле ангажирани десет работници, додека од механизација биле употребени две специјални комунални возила – патарки и подигнувач-багер.

мд/дма/Фото: ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје  .


Извор: МИА