Османи во посета на Туркменистан


  Министерот за надворешни работи и претседавачот со ОБСЕ, Бујар Османи, по реализирањето на посетите на Узбекистан и Казахстан во август оваа година, во рамки на обиколката на Централна Азија, денека ќе престојува во работна посета на Туркменистан.


 Како што соопшти МНР, посетата на Туркменистан е во рамки на остварувањето на дел од главните заложби од Програмата за Претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година и поддршка на работата на теренските операции на ОБСЕ во земјите-учеснички од Централна Азија (ЦА).


Османи во Ашгабат, ќе има средби со претседателот на Туркменистан, Сердар Бердимухамедов, министерот за надворешни работи, Рашид Мередов со кого ќе има и прес-конференција, Гурбангули Бердимухамедов, претседателот на Народниот совет на Туркменистан и Дунјагозел Гулманова, претседателка на Парламентот.

Покрај со државниот врв, Османи ќе има средби и со граѓански организации, претставници на Центарот на ОБСЕ во Ашгабат и резидентни амбасадори на земјите-учеснички на ОБСЕ како и партнери од други меѓународни организации.


-Соработката на теренските мисии на ОБСЕ во земјите од Централна Азија е од големо значење за ублажување на последиците од воената агресија на Русија врз Украина.

Исто така, регионот на Централна Азија е директно изложен на последиците од хуманитарната криза и севкупната ситуација во Авганистан.


Рамката за акција на ОБСЕ им помага на земјите-учеснички од овој регион за соодветен одговор на ситуацијата во насока на ублажување на ризиците за неговата стабилност, стои во соопштението од МНР.

вг/мд/Фото: МИА Архива  .


Извор: МИА