Breaking News

Османи положи цвеќе на спомен-обележјето во чест на трагично загинатиот претседател Борис Трајковски во Ротимље


Министерот за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи денеска го посети спомен-обележјето во чест на трагично загинатиот претседател Борис Трајковски во Ротимље, близу Мостар во Босна и Херцеговина.


 Османи положи цвеќе на местото на авионската несреќа од 2004 година во која животот го загубија претседателот Трајковски и осум членови на делегацијата и на екипажот.


 -Трајковски беше широко почитуван поради неговото инклузивно и прагматично лидерство и одигра важна улога во водењето на државата во еден од најпредизвикувачките периоди од нејзината историја, рече Османи.

 Османи е во дводневна официјална посета на БиХ во својство на претседавач со ОБСЕ.


Покрај Мостар, Османи ги посети и Сараево и Јабланица и оствари средби со државниот врв, претставници на Парламентот, претставници на граѓански организации, како и други партнери и соработници на ОБСЕ.

вј/са/Фото: МНР  .


Извор: МИА