Breaking News

Османи на средба со Шоле и Ескобар: Улогата на САД клучна за успешно завршување на дијалогот


Претседателката на Косово, Вјоса Османи, во Њујорк разговараше со специјалниот советник на американскиот Стејт департмент, Дерек Шоле и специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар за дијалогот меѓу Белград и Приштина.


Османи на социјалната мрежа Икс (Твитер) изјави дека во разговорот било истакнато дека улогата на САД е клучна за успешно завршување на дијалогот.


 „Со Шоле и Ескобар разговаравме за развојот на настаните во рамките на дијалогот.

Беше нагласена важноста од принципиелен пристап за целосна и рамномерна имплементација на договорот и дека улогата на САД е клучна за успешно завршување на процесот, што го отвора патот за меѓусебно признавање“, објави Османи.


паг/Фото: Икс (Твитер) .

Извор: МИА