Breaking News

Османи на квадрилатерален министерски состанок во Бриндизи


Министерот за надворешни работи Бујар Османи утре ќе престојува во работна посета на Италија, каде заедно со потпретседателот на Советот на министри и министер за надворешни работи и меѓународна соработка на Италијанската Република Антонио Тајани, заменик претседателката на Владата и министерка за надворешни работи на Република Бугарија Марија Габриел и министерката за надворешни работи на Република Албанија Олта Џачка ќе одржат квадрилатерален министерски состанок во Бриндизи.


Во фокусот на разговорите, како што соопшти МНР, ќе бидат конкретните начини за унапредување на соработката и поддршката на имплементацијата на паневропскиот Коридор VIII што ги поврзува Јадранското и Црното Море.


– Овој прв квадрилатерален министерски состанок се очекува да прерасне во политичка платформа, која ја иницираше министерот Бујар Османи, уште во 2021 година.

Иницијативата 8 (И8) е замислена како политичка платформа која ќе обезбеди дополнителен форум за унапредување на меѓусебната соработка и интензивирање на политичката, економската, безбедносната, културната и социјалната размена меѓу четирите држави долж Коридорот VIII, се вели во сопштението од МНР.


мд/ац/Фото: МИА архива .

Извор: МИА