Османи изрази сочувство до семејствата на жртвите од земјотресот во Мароко


Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска на својот твитер профил изрази сочувство до семејствата на жртвите од земјотресот во Мароко. Тој упати и желби за брзо закрепнување на повредените.


-Шокирани сме од разорниот земјотрес во Мароко синоќа со стотици жртви. Искрено сочувство до семејствата на жртвите и желби за брзо закрепнување на повредените, наведе Османи на твитер.


мч/дма/Фото: МИА архива .

Извор: МИА