Breaking News

Османи: Граѓаните затекнати во странство по 12 февруари со стари патни исправи, ќе можат да се вратат со патен лист 


Граѓаните кои што се затекнати во странство по 12 февруари а се со стари патни исправи, ќе можат да се вратат во државава со патен лист кој се издава во дипломатско-конзуларните претставништва, информира на денешниот брифинг со новинарите шефот на дипломатијата Бујар Османи.


Османи кажа дека нема простор за паника кај граѓаните, ДКП-ата ќе работат во повеќе смени, додавајќи дека најголем наплив за барања на патни листови има во Германија.


-Таму има и две нови мобилни станици за издавање патни исправи. Најголем е напливот во Бон, каде се издадени над 6000 патни листови.

Потоа во Берн, Берлин, Минхен, Венеција, Рим и Љубљана, рече Османи.


Османи кажа дека во државите каде немаме ДКП-а, односно во Африка каде што има само во Каиро, се работи на е-конзулат и патните листови ќе бидат праќани по пошта.

На 12 февруари истекува транзициониот рок од Преспанскиот договор, член 6.


Османи вели дека има јасна политичка волја и од Северна Македонија и од Грција за продолжување со целосна имплементација на договорот од Преспа. нд/аа/Фото: МИА .

Извор: МИА