Breaking News

Ослободени австралискиот пилот и двајцата службеници кои беа киднапирани во Папуа Нова Гвинеја


– Австралискиот пилот на хеликоптер и двајца функционери на локалната власт, кои денеска беа киднапирани во Папуа Нова Гвинеја, се ослободени неколку часа подоцна по преговорите.


Хеликоптерот слета во близина на планината Сиса во провинцијата Хела. Трите лица кои се наоѓале во леталото биле киднапирани од вооружени лица.


Заложниците беа ослободени неповредени благодарение на активностите на голем број безбедносни лица кои преговараа со киднаперите со посредство на локалните лидери, соопшти полицијата, без да даде повеќе детали.

Дејвид Менинг, полициски комесар на Папуа Нова Гвинеја, рече дека сторителите се следени и постои подготвеност да се употреби смртоносна сила во случај на отпор при апсење.


– На нашата земја и е смачено од овие домашни терористи кои ја поткопуваат безбедноста на нашите заедници и нема да дозволиме да се движат слободно, рече Менинг.

Пред една година, австралиски археолог и двајца локални истражувачи беа киднапирани во истата провинција во Папуа Нова Гвинеја.


Тие беа ослободени повеќе од една недела подоцна, откако им беше платен откуп на киднаперите. јт/ .

Извор: МИА