Breaking News

Орлиќ: Конституирање на новиот собраниски состав во наредните недели


Претседателот на српскиот Парламент, Владимир Орлиќ изјави дека новиот состав на Парламентот ќе биде конституиран „во следните недели, согласно процедурите и според законот“.


Орлиќ за денешното издание на весникот „Курир“ оцени дека декемвриските избори „ја покажале вистинската волја на народот“ и ги отфрли барањата на опозицијата за повторување на гласањето, особено на локалните избори во Белград каде, според наводите на листата „Србија против насилството“, евидентирани се бројни изборни нерегуларности.


„Го победивме поранешниот режим и во Белград со 20. 000 нови гласови и уште повеќе советнички мандати на изборите, од кои секој сегмент беше контролиран од секој што го сакаше.

Сега лажговците ќе го избегнат она што природно им следи – сите да се повлечат од политиката поради нивната одговорност кон луѓето кои веруваа во нив“, рече Орлиќ, кој е и висок функционер на Српската напредна партија (СНС).


Тој најави дека оваа партија за формирање мнозинство во новиот собраниски состав ќе разговара со „традиционалните партнери“ од Сојузот на војводинските Унгарци.

„Исто како и претходните години кога сами можевме да формираме мнозинство, сакаме да ги собереме другите во борбата за нашата Србија, оние кои се подготвени да учествуваат во таква државна политика и можат да придонесат за тоа со своето учество“, рече Орлиќ.


 Прашан дали СНС ќе ја продолжи соработката со Социјалистичката партија на Србија (СПС), Орлиќ рече дека ќе разговара „со сите“ за политиката на „натамошно зајакнување и развој на Србија“.

рп/Фото: МИА архива .


Извор: МИА