Орбан: Унгарија не се согласува за дополнително финансирање на Украина


– Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека Будимпешта не се согласува со плановите на Европска комисија за доделување на дополнителни средства на Украина.


Тој истакна дека Унгарија не е подготвена да обезбеди дополнителни пари за финансирање на зголемените трошоци за сервисирање на долгот на ЕУ, посочи Орбан.


– Едно е јасно, ние Унгарците повеќе нема да и даваме пари на Украина додека таа не објасни каде отидоа претходните 70 милијарди евра.

И оценуваме дека е крајно смешно и апсурдно што треба дополнително да ги финансираме трошоците за отплата на кредитот од кој сè уште не сме добиле средства, а имаме право на тоа, истакна, Орбан.


ми/фото: ЕПА .

Извор: МИА