Breaking News

Општина Виница го раскина договорот за изградба на покриениот пазар и ќе го измени основниот проект


– Изградбата на новиот покриен пазар во Виница е привремено стопирана, откако Локалната самоуправа го раскина договорот со изведувачот „Промонтинг“ од Скопје, кој работеше на објектот.


Прекинот на договорот доаѓа по една година од потпишувањето на анекс за негово продолжување, а причина за тоа што градежните работи не се одвиваа според планираната динамика, односно за две години завршена е само една петина од предвиденото.


Општина Виница нема долгови кон изведувачот, а исплатени се околу пет милиони денари за досега завршената работа.

-Договорот со изведувачот истекуваше на 1 јули, но ние еден ден претходно го раскинавме и ја активиравме банкарската гаранција во вредност од 1,45 милиони денари.


Тоа е пет отсто од вредноста на проектот, што изнесуваше окоу 30 милиони.

Минатата година не го раскинавме затоа што ни одговараше да продолжиме под тие услови, односно цените на пазарот реално беа многу повисоки во однос на оние што важеле во времето на склучување.


Веројатно и поради тоа фирмата немаше интерес и работеше со слаба динамика, а реализацијата е под 20 отсто.

По препорака на стручни лица од областа на проектирањето и градежништвото ќе се направи измена на проектот, затоа што се проценува дека досегашниот е нефункционален, истакна Миле Петков, градоначалник на Општина Виница.


Во тек се активности за изработка на нов идеен проект, по што ќе следува анекс на основниот проект, а тоа што до сега е изградено од пазарот ќе биде задржано.

Се планира да се исфрли горното ниво од објектот и да се измени покривната конструкција, со што би требало да се намалат и трошоците за изградба.

Покриениот пазар во Виница почна да се гради во јули 2021 година и со тогашниот проект се предвидуваше да зафаќа површина од 1.

810 квадратни метри, на две нивоа со отворен и затворен дел, како и паркинг простор и прилагоден пристап за лицата со посебни потреби. та/мд/Фото: МИА и Општина Виница  .

Извор: МИА