Breaking News

Општина Тетово: Обезбеден училиштен материјал и чанти за учениците Роми во три училишта


Општина Тетово информира дека се обезбедени училишни материјали и чанти за учениците Роми во основните училишта „Наим Фрашери“, „Кирил и Методиј“ и „Гоце Делчев“.


 Оваа активност насловена „Туторство за деца Роми од второ до четврто одделение“ насочена кон подобрување на образованието за децата Роми, е реализирана од општинската Проектна единица за ромската заедница и другите маргинализирани групи.


– Во учебната 2023/2024 година, Општина Тетово презеде значајни мерки, обезбедувајќи училиштен материјал и чанти за учениците Роми во училиштата „Наим Фрашери“, „Кирил и Методиј“ и „Гоце Делчев“.

Оваа акција има за цел да гарантира дека децата Роми имаат еднаков пристап до образовните ресурси.


Претставува прогресивен чекор за подобрување на квалитетот на образованието и компензирање на негативните последици од пандемијата Ковид-19 и образование на деца Роми, соопштија од Канцеларијата за комуникации и односи со јавноста при Општина Тетово.

Претставници на општински Образовен сектор и Проектната единица за ромската заедница и другите маргинализирани групи ги посетија учениците кои посетуваат дополнително образование.


– Се запознаа со предизвиците со кои се соочуваат учениците и туторите, како и за придобивките од посетувањето на ова дополнително образование.

Учениците и наставниците го изразија своето задоволство од активностите кои значително ќе го подобрат квалитетот на образованието на децата Роми.


Овој проект е важен напор да се подобри образованието на децата Роми и тие да имаат можност да го развијат својот целосен потенцијал, велат од Општина Тетово.

Проектот се реализира со поддршка на заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа „Ромактед – фаза II“, покажувајќи ја посветеноста на меѓународната заедница во поддршката на образованието на децата Роми во Тетово.

ас/мд/фото: Општина Тетово  .

Извор: МИА