Breaking News

Општина Штип ги дигитализира своите услуги преку платформата „М заедница“


Граѓаните на Општина Штип веќе имаат можност за електронски пристапот до сите општинските услуги, со тоа што преку дигитализирана платформа ќе можат да поднесат обрасци и барања до сите одделенија и сектори во рамки на Општина Штип, информираше на денешната прес-конференција градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов.


Тој посочи дека се воведени електронски алатки преку платформата „М заедница”.


На оваа платформата граѓаните ќе можат да пријавуваат проблеми со кои се соочуваат во секојдневието, а потоа по пријавениот проблем секој раководител во општината, преку одговорното лице во секторот или одделението, ќе комуницира со граѓаните за нивните прашања, проблеми или барања, со цел навремено и соодветно постапување од страна на одговорните лица во општинската администрација и јавните претпријатија, нагласи Јорданов.
Штип дигитализација

Забележа дека воведена е опција преку веб страната на Општина Штип секој граѓананин да може брзо и лесно онлајн да го плати својот данок за имот.


– Електронското плаќање на данокот на имот ќе може да се реализира со добивање на новите решенија за данок на имот, кои треба да се испорачаат до 31 март, вели Јорданов.

Тој на прес-конференцијата истакна дека цел и визија е преку реализација на овие проекти да се обезбедат поквалитетни услуги, поефикасна администрација и спречување на корупција.


– Истовремено да овозможиме транспарентност, отвореност на општината во решавањето на проблемите со кој се соочуваат граѓаните на Општина Штип, додаде Јорданов. вдј/цр

Фото: МИА


Штип, 1 март 2023 (МИА)