Breaking News

Официјална Тирана го поздрави членството на Шведска во НАТО


Албанскиот претседател Бајрам Бегај и го честиташе членството на Шведска во НАТО порачувајќи дека “Алијансата  сега е посилна и пообединета”. „Добре дојде, Шведска, како 32-ра земја членка на НАТО.


Нашиот сојуз сега е уште посилен и пообединет, зајакнувајќи ја безбедноста и вредноста“, пишува Бегај во  објава на платформата „Х”.


Приемот  го честиташе и министерот за Европа и надворешни работи Игли Хасани, кој смета дека  членството на Шведска ќе ја зајакне безбедноста на регионот и на целата Алијанса.

„Албанија го поздравува приемот на Шведска во НАТО, по завршувањето на процесите на ратификација во сите сојузнички земји.


Членството на Шведска ќе ја зајакне безбедноста на нашиот регион и на целата Алијанса“, напиша министерот Хасани на платформата “Х“. вт/сд/ .

Извор: МИА