Breaking News

Официјален почеток на Активноста на УСАИД за млади


Во Скопје денеска ќе се одбележи официјалниот почеток на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности.


Активноста ќе им овозможи на младите луѓе пристап до иновативни програми за обука, пракса и кариерно советување, опремувајќи ги со соодветни вештини за пазарот на труд.


На настанот, како што е најавено ќе се обратат директорката на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) за Европа и Евроазија, амбасадорката Ерин Е.

МекКи и министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска. Небојша Мојсоски, раководителот на Активноста и проф. д-р Биљана Ангелова, ректорката на Универзитетот „Св.


Кирил и Методиј“ во Скопје ќе потпишат Меморандум за разбирање за време на настанот со цел да се поддржат повеќе млади да го премостат јазот помеѓу формалното образование и вработувањето.

 Предвидено е да се одржи и младинска дискусија, на која ќе се претстават инспиративни приказни и ќе се разговара за очекувањата на младите од работните места.


Петгодишната Активност на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, којашто е со вредност од 7 милиони долари ќе работи со 10.

000 млади во земјава за да им обезбеди економски можности на младите, да ги зајакне нивните вештини за работа, напредок во кариерата и граѓанско учество, а ќе промовира и вредности и искуства кои ќе им помогнат да станат понезависни.


Активноста ја спроведува Унапредување на економиите за посилни заедници, американска непрофитна организација, во партнерство со Центарот за претприемачи и развој на менаџери (CEED Hub) Скопје и Младински образовен форум.

дма/вј/Фото:МИА архива .

Извор: МИА