Breaking News

Одбележување на Светскиот ден на здравјето под мотото „Мое здравје, мое право“


Македонското лекарско друштво (МЛД) и Канцеларијата на Светската здравствена организација (СЗО) во Скопје денеска организираат свеченост по повод Светскиот ден на здравјето – 7 Април, што се одбележува под мотото „Мое здравје, мое право“.


 На свеченоста најавени се обраќања на претседателот на МЛД д-р Горан Димитров, министерот за здравство Илир Демири и на специјалната претставничка на  СЗО за Северна Македонија д-р Ане Јохансоен.


 Реферат по повод Светскиот ден на здравјетото „Мое здравје мое право“ ќе прочита проф-д-р Катерина Ставриќ од Центарот за семејна медицина, Медицински факултет Скопје.

 На свеченоста ќе бидат доделени и награди и признанија на Македонското лекарско друштво. лв/ев/ .


Извор: МИА