Breaking News

Одбележување на Меѓународниот ден на жената од руралната средина


 Меѓународниот ден на жената од руралната средина – 15 октомври, денеска ќе се одбележи во винаријата Сопот во Велес, во организација на Мрежата за рурален развој на Северна Македонија.


 Како што е најавено, на одбележувањето ќе се обратат Каја Шукова, министерка за животна средина и просторно планирање и Петар Ѓоргиевски, претседател на Мрежата за рурален развој на Северна Македонија.


Помеѓу присутните се очекува да бидат и претставници од институции, организации и жени од рурални средини, кои се членки на Мрежата за рурален развој на Северна Македонија.

За време на настанот ќе се одржи и јавна дискусија на тема „Влијанието на климатските промени во руралните средини, со акцент на жените“ и ќе се претстават инспиративни приказни на жени претприемачки од рурални средини.


цр/аа/Фото:МИА архива .

Извор: МИА