Breaking News

Одбележување на денот на првата армиска специјална единица


Во касарната „Илинден“ – Скопје денеска  ќе се одржи воена свеченост по повод одбележување на Денот на првата специјална единицата и 30 години од формирањето на Баталјонот на специјални сили (бСС).


Баталјонот на специјални сили го прославува 1 март, како датум во спомен на денот кога 1994 година е формирана првата специјална единица во Армијата, препознатлива како „Волци“, која воедно е и првата професионална единица.


На свеченоста, покрај министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот на Армијата генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, ќе присуствуваат и армиски генерали, претставници од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата, пензионирани генерали, команданти на команди и единици на Армијата и други високи гости.

Денот на единицата, согласно програмата, ќе се одбележи со пригодни обраќања на министерката за одбрана, началникот на Генералштабот на Армијата, првиот командант на единицата, пензионираниот генерал Мирослав Стојановски и командантот на бСС потполковник Стефан Ивановски, по што ќе следува соопштување на стимулативни мерки за припадници на единицата и презентација на дел од новата опрема за припадниците на Армијата.


лв/са/Фото: МИА архива   .

Извор: МИА