Breaking News

Одбележување на Денот на Одделот за заштита на определени личности и објекти при МВР


– Денеска ќе се одржи свечена церемонија по повод одбележување на Денот на Одделот за заштита на определени личности и објекти при Министерството за внатрешни работи.


Настанот ќе се одржи пред објектот на Одделот за заштита на определени личности и објекти.


Предвидено е  официјални обраќања да имаат министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев и началникот на Одделот за заштита на определени личности и објекти Александар Нацевски.

свс/вг/Фото: МИА архива .


Извор: МИА