Breaking News

Од понеделник отпочнуваат градежните на наплатната станица Глумово


Јавното претпријатие за државни патишта денеска информира дека од понеделник ќе отпочнат градежните и инсталатерски работи на наплатната станица Глумово.


Градежните работи и реконструкцијата, предвидено е да звршат во рок од шест месеци.


При извршувањето на градежните работи, како што е најавено, наплатната станица Глумово ќе биде во делумна функција и сообраќајот ќе се одвива со времен режим одобрен од МВР и од Министерството за транспорт и врски.

Од ЈП за државни патишта апелираат на одговорно учество во сообраќајот и на почитување на времениот режим.


  Инаку, потсетуваат од Државни патишта, реконструкцијата се инвестира преку заем од ЕБОР во вредност од 948. 261,21 EUR.

Изведувач на работите е конзорциумот Аселсан Жикол, а надзор е Институтот за патишта, Дооел Велес. Кон крајот на месец октомври ќе отпочне реконструкцијата и на наплатна станица Желино.


цр/аа/Фото:МИА архива .

Извор: МИА