Breaking News

Од полноќ поевтинува мазутот


Од полноќ поевтинува мазутот, а цените на останатите нафтени деривати остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.


 Според новата одлука на РКЕ, мазутот ќе се продава по цена од 44,996 ден/кг. Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, дизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство остануваат исти.


ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава по цена од 81 денари за литар, ЕУРОСУПЕр БС-98 по цена од 83 денари за литар, а дизелот по цена од 80,5 денари за литар.

Останува иста и цената на Екстра лесното масло за домаќинство – 80 денари за литар. бак/дма/Фото: МИА архива  .


Извор: МИА