Breaking News

Од недела дожд и пад на температурите


Утре и во сабота стабилно време, од недела врнежи од дожд и пад на температурите, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.


Според УХМР, утре и во сабота ќе се задржи стабилно и суво време со услови за појава на утринска магла по одделни котлини.


За време на викендот ќе дува засилен ветер од јужен правец, а од недела под влијание на влажен бран ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни.

Од понеделник дневните температури ќе бидат во опаѓање. сст/дма/Фото:МИА архива .


Извор: МИА