Breaking News

Од Битола почна дистрибуцијата на доверливиот гласачки материјал, утре дистрибуција на уредите за биометриска идентификација


Денеска рано утрово од печатницата „Киро Дандаро” во Битола, во присуство на претседателот, потпретседателката и членовите на Државната изборна комисија (ДИК) се извршило примопредавање на доверливиот гласачки материјал од печатницата и започна неговата дистрибуција до 80 – те општински изборни комисии, потврдија за МИА од ДИК.


– Дистрибуцијата се одвива во 17 однапред определени рути. Организационо сме подготвени, по тој тек ќе се одвива дистрибуцијата и ќе се заврши во текот на денешниот ден, потенцираат од ДИК.


Во текот на утрешниот ден, информираат од ДИК, ќе се изврши и дистрибуција на уредите за биометриска идентификација. Инаку, за претседателските избори отпечатени се  вкупно 1. 814.

000 ливчиња, колку што се евидентирани гласачи во Избирачкиот список. цр/Фото: МИА архива .


Извор: МИА