Breaking News

Обвинителката во случајот против Жан Митрев: Уф, се уморив, да продолжиме друг пат!


Искра Хаџи Василева, обвинителка во случајот против клиниката и против доктор Жан Митрев, на денешното рочиште ги читаше имињата на пациентите со потсмев. Откако на барање на судијата беше побарано материјалните докази да се презентираат во целост и непосредно, обвинителката Хаџи Василева иако се противеше на оваа постапка, сепак почна со читање. По само делумно презентирање на еден поднесок, кој е доставен до обвинителството на нејзино барање, таа се измори и рече „уф се уморив, од читање, да продолжиме друг пат“, пишува МКД.мк.


Од одбраната на Жан Митрев велат дека со ова обвинителството покажало дека се повлекува од случајот против Жан Митрев затоа што обвинителката покажува незаинтересираност да ги презентира доказите како што ѝ налага Законот за кривична постапка.


На претходните рочишта во случајот против д-р Митрев, неколку сведоци дадоа поинакви сведочења од првичните изјави, а обвинителката направи тешка повреда на одредбите од Законот за кривична постапка.

За целиот текст ТУКА