Breaking News

Обраќање на премиерот Ковачевски на универзитетот Џон Хопкинс во Вашингтон (во живо)


Премиерот Димитар Ковачевски во рамки на работната посета во Вашингтон, има обраќање на престижниот универзитет Џон Хопкинс во Вашингтон на тема „Неодложна потреба за економски развој на Балканот“.


Ковачевски ќе има средби и со америнскиот сенатор Крис Марфи, со конгресмените Брендан Бојл и Деби Дингел, како и со останати високи владини претставници, сенатори и конгресмени.


Во делегацијата која ја предводи премиерот Ковачевски на денешните средби е министерот за надворешни работи, Бујар Османи, соопшти владината прес-служба. са/ .

Извор: МИА