Breaking News

Облачно со слаб врнежи од дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во крајните западни и северни делови ќе има слаби врнежи од дожд, а на планините врнежи слаб снег.


Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен, а долж Повардарието од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната од 4 до 12 степени.


Во Скопје, променливо облачно време со услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.

Во следните три дена времето ќе биде стабилно, во четврток со појава на магла по котлините.


Во петок и сабота ќе дува засилен јужен ветер што ќе предизвика значителен пораст на дневните температури и топење на снежната покривка. бак/Фото: МИА .

Извор: МИА