Breaking News

Објавени повици за доделување стипендии за талентирани ученици и за основци спортисти во Општина Карпош


Општина Карпош и годинава обезбеди финансиски средства за доделување на осуммесечни стипендии за талентирани ученици, кои учат во основните училишта на територија на општината за учебната 2023/2024 година.


Износот на стипендијата е 3. 000 денари месечно за прва категорија, односно 2. 500 денари месечно за втора категорија.


Општина Карпош за таа цел распиша Јавен оглас, каде ги утврди општите услови за доделување  училишни стипендии.

-Основците треба да се жители на Карпош (според адреса на живеење), да се редовни ученици во VIII или IХ одделение и да имаат освоено I или II место на натпревари (градски, државни, меѓународни).


Според пропишаните критериуми, ќе бидат разгледувани само дипломи за освоено I или II место од здруженија, организации, друштва, асоцијации и слично, коишто се акредитирани од Министерството за образование и наука.

Во предвид ќе бидат земени освоените I или II место на натпревари од областа на науката, литературата, техниката, културата и уметноста, поточно од VI до VIII за редовни ученици во осмо одделение, односно од VII до IX одделение за редовни ученици во деветто одделение, каде што: I и II место на градски (регионални) натпревари, се рангира со 2 бода, 1 бод;  I и II место на државни натпревари се рангира со 6 бода, 3 бода; I и II место на меѓународни натпревари се рангира со 8 бода, 7 бода.


Во прилог потврда од организаторот на натпреварот дека учествувале минимум три или повеќе држави на меѓународниот натпревар, соопшти Општина Карпош.

Втора категорија ќе се додели на ученици кои освоиле од четири до пет бода, прва категорија ќе се додели на ученици кои освоиле од шест и повеќе бодови.


Освоените места на групни натпревари нема да бидат бодувани.

Како што појаснува Општината, со барањето, учесниците кои ќе конкурираат на повикот треба да достават: документ како доказ дека живеат во Општина Карпош (лична карта од родител/старател); потврда од училиштето дека се редовни ученици во VIII односно IХ одделение во учебната 2023/2024 во општинското основно училиште од територија на Општина Карпош; фотокопии од дипломи од освоени места на натпревари од областа на науката, литературата, техниката, културата и уметноста oд VI и VII одделение за редовни ученици во VIII одделение и од VII и VIII одделение.

за редовни ученици во IX одделение и препорака од класниот раководител или предметниот наставник.

-Апликантите треба да ги достават документите во затворен плик во Архивата на Општина Карпош (барака 2), или по пошта на ул. „Радика“ бр.

9 – Скопје, со назнака „За доделување стипендии на талентирани ученици од општинските основни училишта на територија на Општина Карпош за учебната 2023/2024 година“.

Крајниот рок за поднесување на документите е заклучно со 5. 09.

2023 година, а доколку документацијата на кандидатите не биде комплетна или, пак, не е навремено доставена,  нема да биде разгледувана, наведува Општината.

Во соопштението напоменува и дека еден кандидат може да оствари право само на една стипендија.

Кандидатите кои аплицирале за повеќе различни стипендии по објавени огласи (спорт или образование) од Општина Карпош и ги исполнуваат условите за добивање на повеќе од една стипендија, ќе добијат известување од службите во општината и врз основа на сопствен избор ќе се определат за една од стипендиите.

Исто така,  локалната самоуправа денеска распиша Јавен оглас за доделување осуммесечни стипендии за талентирани ученици – спортисти, за учебната 2023/2024 година кои воедно се жители на Карпош, и кои учат во VIII и IX одделение во основните училишта на територија на општината.

-Стипендистите ќе бидат рангирани во две категории од каде ќе зависи и висината на стипендијата која ќе ја добиваат. Имено, за освоени три и повеќе бода, висината на стипендијата изнесува 3.

000 денари месечно, додека, пак, за освоени до 2,50 бода, висината на стипендијата изнесува 2. 500 денари месечно.

Согласно условите да стипендирање, апликантите треба да се жители на Карпош (според адреса на живеење) и треба да обезбедат потврда од училиштето дека се ученици во VIII или IХ одделение.

Следствено на тоа, основците треба да исполнуваат и одредени критериуми за да учествуваат на Јавниот оглас, односно потребно е да имаат постигнато одредени индивидуали спортски резултати, потврдени од матичната национална спортска федерација и да се во согласност со календарот на натпревари на националните федерации за периодот од 1.

09. 2022 година до 31. 08.

2023 година: државно првенство, oсвоено индивидуално I место (3 бода); државно првенство, oсвоено индивидуално II место (0,5 бодa); – репрезентативец на Македонија, да има учество најмалку на еден натпревар и да се наведе кога, каде и со кого бил натпреварот (да се достави копија од записник или друг доказ од натпреварот), (3 бода); награда за индивидуални постигнување на државно првенство или постигнување на рекорд (3 бода); Останати успеси и резултати, нема да се земат предвид, се наведува во Јавниот повик за доделување осуммесечни стипендии за талентирани ученици – спортисти, за учебната 2023/2024 годинаАпликантите треба да ги достават следниве документи: биографија на спортистот, потврда од клуб дека е нивни член (фотокопија од спортска легитимација), важечки документ (потврда) издадена од матичната национална федерација за спортските успеси и резултати.

-Апликантите треба да ги достават документите во затворен плик во Архивата на Општина Карпош (барака 2), или по пошта на ул. „Радика“ бр.

9 – Скопје, со назнака „За доделување на Стипендии за талентирани спортисти жители на Општина Карпош кои учат во VIII и IX одделение за 2023/24 година.

Крајниот рок за поднесување на документите е заклучно со 5. 09.

2023 година, а доколку документацијата на кандидатите не биде комплетна или, пак, не е навремено доставена, нема да биде разгледувана, соопшти Општина Карпош.

Во известувањето напоменува и дека еден кандидат може да оствари право само на една стипендија.

Кандидатите кои конкурирале за повеќе различни стипендии по објавени огласи (спорт или образование) од Општина Карпош и ги исполнуваат условите за добивање на повеќе од една стипендија, ќе добијат известување од службите во општината и врз основа на сопствен избор ќе се определат за една од стипендиите.

хс/са/ Фото: Општина Карпош .

Извор: МИА