Breaking News

Објавена книгата „Аферата „двојник“ – лажни пасоши“ од Михајло Маневски


„Матица македонска“ од Скопје ја објави книгата „Аферата „двојник“ – лажни пасоши“ од авторот Михајло Маневски.


 Како што информира издавачот, Маневски над 300 страници прави правна анализа за издадените 218 пасоши со лажен идентитет.


Во заклучоците и препораките тој констатира дека овој тежок и организиран криминал од светски размери во суштина се уште не е целосно отворен.

Всушност, тој е повеќе прикриен отколку откриен случај со огромни штетни последници.


– Оваа афера претставува тешка повреда за заштита на тајноста на личните податоци и нивната сигурност, како основни човекови права и слободи гарантирани со Уставот.

Целиот случај беше сведен на одговорност на службени лица од понизок ранг, на помлади референти и советниици евидентичари и администртивни службеници, без одговорност на ниту едно лице од повисок ранг во раководните структури во Министерството за внатрешни работи, се вели во соопштението.


 Михајло Маневски е поранешен министер во Министерството за правда.

Автор е на стручни и научни трудови и учествувал на државни и меѓународни конференции во врска со владеењето на правото и борбата против организираниот криминал и корупцијата.


мд/дма/Фото: Принтскрин  .

Извор: МИА