Breaking News

ОАЕ „згрозени“ од тоа што Хамас земаат заложници


Обединетите Арапски Емирати денеска ги осудија нападите на Хамас, оценувајќи ги како „сериозна и тешка ескалација“, пренесува Скај Њуз.


Министерство за надворешни работи на ОАЕ соопшти дека е „згрозено“ од извештаите за земање заложници.


Земјата ги повика двете страни да „деескалираат и да избегнат проширување на грозоморното насилство со трагични последици“.

Меѓународната заедница „не смее да дозволи нихилистичко уништување да надвладее во регионот чиј народ веќе претрпе доволно војна и трауми“, велат од Министерството.


Во соопштението уште се повикува на враќање на преговорите, базирани на „решение за две држави“. ссм/фото: архива .

Извор: МИА