Breaking News

Новогодишна белешка на гувернерката на Народната банка: Градењето на отпорноста, клучно за справувањето со кризи


Omne finis est nova initium, или секој крај е нов почеток. Ние веќе сме пред вратата на новата 2024 година.


Но, пред да зачекориме кон новата, да се осврнеме накусо кон годината која што изминува, бидејќи секоја искачена планина ни дава многу подобра перспектива.


Во 2023 година, комплексниот пејзаж на глобалната економија беше исполнет со мноштво предизвици, но и можности.

Додека најголемиот дел од економиите закрепнуваа од ефектите од минатите кризи, геополитичките тензии и промените во трговската динамика сѐ уште се неизвесни на глобално ниво.


Напредокот во технологијата и натаму е движечка сила во индустриите, додека колективната свест беше насочена кон спроведување одржливи економски политики насочени кон екологијата.

Глобалната економска сцена во 2023 година се одликува со еластичност и приспособливост, додека земјите се обидуваа да обезбедат инклузивен раст и стабилност. .


Извор: МИА