Breaking News

Ново труење работници во фабриката „Магна“ во Алексинац, 52 побарале помош


Нова група од 52 работници на фабриката „Магна“ во Алексинац синоќа побарала помош од лекар од итна помош поради труење, потврдил за агенцијата Бета началникот на итната помош во Алексинац, Ненад Марковиќ.


„Од вкупниот број работници кои не контактираа, петмина испративме во интерното одделение на болницата во Алексинац, а еден од нив е пренесен на токсиколошкиот оддел во Клиничкиот центар во Ниш“, изјави Марковиќ.


Според Марковиќ, тие се работници од трета смена во фабриката Алексинац. „Работниците почнаа да доаѓаат во Итната помош нешто пред полноќ. . . Од утрово немаме нови приеми“, изјави Марковиќ.

 Поради труење на 104 работници во втора смена во средата попладне, „Магна“ до синоќа беше затворена.


Производството почна во третата смена, откако полицијата по наредба на Основното јавно обвинителство Алексинац ја заврши истрагата. зш/ .

Извор: МИА