Breaking News

Ново фудбалско игралиште во ООУ „Димитар Поп Георгиев – Беровски”


Општина Ѓорче Петров започна со изградба на ново фудбалско игралиште во дворот на ООУ „Димитар Поп Георгиев – Беровски”, коешто ќе биде со нова подлога од вештачка трева и со димензии 20х30м и ќе ги исполнува сите услови за рекреација и одржување на школската настава по физичко образование.


Жителите од овој дел на Ѓорче Петров имаа навистина голема потреба од вакво игралиште, бидејќи населбата изобилува со дечиња и едно вакво игралиште ќе биде од огромна помош во однос на здравиот развој на најмладите.


Во текот на наредниот период градоначалникот Александар Стојкоски ќе продолжи со реализација со низа проекти поврзани со спортот и младите, односно ќе работи на градење нови детски игралишта и изградба на нови спортски терени.

Младите се нашата иднина и наша обврска е да им ги овозможиме сите потребни услови.


.

Извор: МИА