Breaking News

Нова шанса за живот добија уште три лица со донирани органи


Благодарение на хуманоста на едно семејство, кое и покрај болката од загубата на член од семејството, успеа да собере храброст и да се одлучи да спаси не еден, туку неколку животи, денес тројца пациенти добија здрави органи и шанса за нов живот, информира министерот за здравство Фатмир Меџити во соопштение до медиуми.


– Упатувам огромна благодарност до семејството на донорот, изразувам длабоко сочувство за нивната загуба, но и почит за нивната одлука, за нивните хуманост и храброст.


Живот може да се подари само ако за тоа имате доволно љубов и емпатија во себе.

Благодарност и за целиот тим, кој изминативе 24 часа без прекин работеше и сѐ уште работи на клиниките вклучени во трансплантацијата.


Горд сум на медицинскиот кадар, пишува во писмената изјава на министерот. бд/са/Фото: МИА архива .

Извор: МИА