Breaking News

Нов земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтер регистриран во близина на брегот на Индонезија


Нов земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди брегот на индонезискиот остров Јава на длабочина од 10 километри, соопшти Индонезиската агенција за метеорологија, клима и геофизика.


Епицентарот на земјотресот, како што посочија од агенцијата, бил на околу 130 километри северно од Тубан во провинцијата Источна Јава.


Брегот на индонезискиот остров Јава пред неколку часа беше погоден од земјотрес со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата скала. рп/Фото: МИА архива .

Извор: МИА