Breaking News

Нов Зеланд ќе го повлече законот за забрана на продажбата на тутун


Нов Зеланд денеска ќе го повлече законот, со кој за првпат во светот, се забранува продажба на тутун за идните генерации, соопшти Владата на таа земја.


Законот требаше да стапи на сила во јули, а тој вклучуваше забрана за продажба на тутун за родените по 1 јануари 2009 година, намалување на содржината на никотин во тутунските производи, како и бројот на продавници за тутун за повеќе од 90 проценти.


Новата коалициска влада избрана во октомври потврди дека законот ќе биде повлечен денеска по итна постапка. рп/Фото: МИА архива .

Извор: МИА