Breaking News

Ноќеска и утре нестабилно со пороен дожд, грмежи и ветер


  Ноќеска и утре времето ќе биде променливо и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, најавуваат од УХМР.


На одредени места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Во понеделник ќе има преодно стабилизирање.


Во вторник попладне претежно во западните делови, а во среда на повеќе места повторно ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за појава на локално невреме. сст/лв/ .

Извор: МИА