Breaking News

Нивоата на реките во рамки на просекот за мај


Нивото на водата на повеќето реки во земјава се во рамки на просекот за мај, покажуваат денешните хидролошки мерења.


Според Управата за хидрометеоролошки работи, исклучок прават реката Вардар кај Јегуновце, Пчиња кај Катлановска Бања, Бабуна кај Богомила и Брегалница кај Штип, каде нивото на водата е над просекот за овој месец.


Водостоите на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро не отстапуваат значително. дма/бак/ Фото: МИА архива .

Извор: МИА