Breaking News

Нивоата на Охридското и Дојранското Езеро над просекот за септември


Нивото на Дојранското Езеро е пониско во однос на вчерашниот ден, но е над просекот за септември.


Кај Охридското Езеро промени во однос на вчера нема, но и тоа е над септемврискиот просек, покажуваат денешните хидролошки мерења.


Според УХМР, и нивото на Преспанското Езеро од вчера е без промени, но е под септемврискиот просек. Кај водостоите на реките нема поголеми отстапувања. мч/са/  фото: МИА архива   .

Извор: МИА