Николовски ќе посети сточари и мали производители на храна во Берово


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство во техничката Влада, Љупчо Николовски денеска ќе биде во работна посета на општина Берово.


Најавено е тој да оствари повеќе средби со сточари од беровско, како и да се сретне со мали производители на храна.


Во рамки на планираните активности, предвидено е Николовски да ја посети компанијата „Малеш – бреза“ ДООЕЛ, успешен ИПАРД корисник. бд/бак/Фото: Фејсбук – страница на Љупчо Николовски .

Извор: МИА