Breaking News

Николовски ќе додели 87 договори за грант поддршка до 10.000 евра за малите семејни винарии


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска ќе додели 87 договори за грант поддршка до 10. 000 евра за мали семејни винарии.


Грантот, како што соопштуваат од МЗШВ, е за набавка на опрема за производство и ангажирање на стручно лице енолог во овие винарии.


На настанот, што ќе се одржи во хотел Парк во Неготино, ќе се обрати министерот Николовски. дма/бак/Фото: МИА архива .

Извор: МИА