Breaking News

Николовски и Тренчевска на средби со жени земјоделци од Кавадарци


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство во техничката Влада, Љупчо Николовски и заменик министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска денеска во Кавадарци ќе остварат средби со повеќе жени земјоделки.


Николовски и Тренчевска, како што соопшто МЗШВ, ќе ја посетат малата винарија на Билјана Николова, а ќе остварат средби и со други успешни корисници на грантот за поддршка на рурална жена и мали производители на храна.


дма/бак/Фото:МИА архива .

Извор: МИА