Breaking News

Николоски – Агелер: Зајакнување на билатералните односи и интензивирање на соработката со САД како наш најзначаен партнер и поддржувач


Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со Амбасадорката на САД, Анџела Агелер на која разговарале за реформските процеси и стратешките приорити на Владата и на Министерството за транспорт.


Како што соопштија од Министерството, Николоски ја истакнал огромната важност за навремена реализација на капитални проекти, со посебен акцент на регионалното поврзување и интеграција.


Тој изразил уверување дека предвидените проекти од владината програма ќе ги реализира заради забрзан економски раст и развој на инфраструктурата во државата.

-На средбата министерот Николоски ја потенцира стратешката определба која е во насока на зајакнување на билатералната соработка меѓу двете земји. САД се наш најзначаен партнер и поддржувач.


На средбата се нагласи и поддршката на САД во делот на размена на искуства и знаење во областа на капитални инвестиции и инфраструктурни решенија.

Двајцата се согласија за зајакнување на билатералните односи и интензивирање на соработката, стои во соопштението. вг/аа/Фото: Министерство за транспорт .


Извор: МИА