Breaking News

Невреме во Австралија, издадена наредба за евакуација во државата Викторија


Силно невреме го погоди југоисточниот дел на Австралија, а на стотици луѓе во државата Викторија денеска им е наредено да ги евакуираат своите домови поради поплави.


Беа издадени наредби за евакуација за тешко погодените области во малите градови Сејмур и Јеа, околу 112 километри северно од Мелбурн.


Властите наредија жителите и туристите веднаш да се евакуираат, бидејќи поплавите достигнаа опасни нивоа.

Во државата Викторија има предупредувања за поплави и грмотевици, со 38 спасени луѓе и примени речиси илјада повици за помош досега, соопшти Службата за итни случаи на Викторија.


Граѓаните се предупредуваат дека поројните поплави и кршењето гранки од дрвја се најголеми ризици. За невремето се подготвуваат и државите Јужна Австралија и Нов Јужен Велс. мс/фото: МИА архива .

Извор: МИА