Breaking News

Невработеноста во Германија и во февруари изнесува 5,9 отсто


– Стапката на невработеност во Германија во февруари изнесува 5,9 отсто, што е исто како и минатиот месец, а бројот на невработени се зголемил за 11. 000 месечно на 2,713 милиони.


Аналитичарите очекуваа дека бројот на невработени во Германија ќе се зголемува за 5. 000 месечно, пренесува Блумберг. Невработеноста во Германија и натаму е на највисоко ниво од мај 2021 година.


На годишно ниво бројот на невработени во Германија се зголемил за вкупно 119. 000. Највисока невработеност традиционално е забележана во Бремен и Берлин, а најниска е во Баварија и Баден-Виртемберг.

јт/ .


Извор: МИА