Breaking News

Нетанјаху: Уништивме поголем дел од непријателските сили


– Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху рано утрово изјави дека неговата земјата почна долга и тешка војна и дека првата фаза ќе биде завршена во наредните часови.


– Првата фаза завршува во овие часови со уништување на поголемиот дел од непријателските сили кои навлегоа на нашата територија.


Во исто време, започнавме офанзива и тоа ќе продолжи без резерва и без одмор, до постигнување на целите.

Ќе ја вратиме безбедноста на граѓаните на Израел и ќе победиме, истакна Нетанјаху по состанокот на Владата.


Меѓу одлуките донесени од кабинетот за безбедност е и прекинот на снабдувањето со електрична енергија, гориво и артикли на Појасот Газа.

Израелската Влада одобри уништување на воените и управувачките капацитети на Хамас.  ми/фото: МИА архива .


Извор: МИА