Breaking News

Нетанјаху ја повика израелската опозиција да се формира влада на национално единство


– Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа повика на формирање „влада на национално единство“ откако во големата офанзива на палестинското исламистичко движење Хамас во земјата загинаа повеќе од 800 луѓе.


– Ги повикувам опозициските лидери веднаш да формираат итна влада на национално единство, без предуслови, рече Нетанјаху во телевизиско обраќање.


Нетанјаху, кој ја предводи коалицијата на десничарски, крајно десничарски и ултраортодоксни еврејски партии, се соочува со една од најголемите кризи во историјата на земјата.

Тој во својот говор детално ги изнесе точките од својата програма.


Тоа се: враќање на контролата врз териториите, „елиминација на терористите“ кои сè уште се присутни во Израел, „масовен“ напад врз Хамас со „невидена сила“, „зајакнување на други фронтови, на север против Хезболах и на Западниот Брег, продолжување на кампањата за поддршка на меѓународната заедница и „единството на народот“ преку формирање влада на национално единство.

Пред два дена лидерот на израелската опозиција Јаир Лапид повика на формирање „вонредна влада“ за справување со „тешката и сложена операција“.


Лапид, исто така, рече дека се сретнал со Нетанјаху и му рекол дека во оваа вонредна ситуација е подготвен да ги остави настрана несогласувањата и да формира вонредна, професионална влада со него.

јт/Фото: МИА архива .


Извор: МИА